Doğa Kırmızıoğlu
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
АНКАРА
Екипите на Ливерпул и Пари Сен Жермен (ПСЖ) изборија пласман во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Реванш-средбите од осминафиналето на најпрестижната организација на европскиот фудбал на клупско ниво синоќа продолжи со два натпревари.
По првиот натпревар на кој ПСЖ како гостин со 1:4 ја совлада Барселона, синоќа на реванш-средбата, ПСЖ на стадионот „Паркот на принцовите“ ја пречека Барселона.
ПСЖ уште од почетокот започна да го напаѓа голот на Барселона. При еден од тие напади, во шеснаестерецот на гостите беше соборен Мауро Икарди. По прегледот на позицијата од судија видеоасистент (ВАР), беше досуден удар од белата точка, што ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, го спроведе во гол и во 31. минута од натпреварот го доведе ПСЖ во водство со 1:0.
Барселона бргу се созеде и преку аргентинската ѕвезда Лионел Меси, со прекрасен гол изедначи на 1:1 во 37. минута од средбата.
Во продолжение од натпреварот, Барселона продолжи да прави притисок на голот на ПСЖ. Во судиското продолжение Антоан Гризман беше соборен во казнениот простор, по што судијата уште еднаш покажа на пенал.
Во 45.+3. минута ударот од белата точка го изведе Меси, но голманот на ПСЖ успеа да го одбрани ударот на аргентинскиот интернационалец и не дозволи на полувреме Барселона да замине со гол предност.
Во второто полувреме, ниту една од екипите не успеа своите шанси да ги претвори во погодок, така што натпреварот заврши без победник, 1:1.
Со овој резултат, вкупно 5:2, сметајќи ја и првата средба одиграна во Барселона, ПСЖ избори пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Ова е првпат од сезоната 2006/07 навака Барселона да не обезбеди пласман во четвртфиналето на ова престижно натпреварување, ставајќи му крај на својот рекорд на ова поле.
- Мбапе го урна рекордот на Меси
Мбапе на овој натпревар го постигна својот 25. гол во Лигата на шампиони и со значајни рекорди се запиша во историјата на ова натпреварување.
Францускиот напаѓач од рацете на Меси ја презеде титулата на најмлад играч (на возраст од 22 години и 80 дена) кој постигнал 25 гола во ова натпреварување, кому тоа му успеа на возраст од 22 години и 286 дена).
Мбапе, кој оваа сезона во Лигата на шампионите по четврти пат ја затресе мрежата на Барселона, во исто време е и носител на рекордот за најголем број постигнати голови против шпанскиот тим во една сезона во ова натпреварување.
Меси, кој на овој натпревар ја затресе противничката мрежа, со 29 погодоци го сруши рекордот на играч кој најмногу пати ги затресол противничките мрежи во осминафиналето на турнирот.
- Ливерпул не се измачи
Поради ограничувањето на патувањата меѓу земјите предизвикани од новиот вид коронавирус (Ковид-19), во вториот дуел што се одигра синоќа, на стадионот „Пушкаш“ во Будимпешта се сретнаа англискиот тим Ливерпул и германскиот тим Лајпциг.
Ливерпул, кој на првиот натпревар на гостувањето во Лајпциг го победи својот противник со 2:0, и синоќа на средбата на која беше домаќин, со ист резултат го победи својот противник.
Првото полувреме заврши без голови, 0:0, а победата на Ливерпул му ја донесоа египетската ѕвезда Мухамед Салах со погодокот постигнат во 70. минута и Садио Мане со голот постигнат во 74. минута.