Doga Kirmizioglu
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - УЕФА соопшти дека започнала истрага за можна вмешаност на турските фудбалери во политичката провокација на натпреварите со Албанија и Франција, јавува Anadolu Agency.
Во соопштението на УЕФА се наведува дека против Фудбалската федерација на Турција е подигната дисциплинска постапка поради однесувањето на фудбалерите на селекцијата на Турција на мечевите со Албанија и Франција, во рамките на квалификациите за ЕУРО 2020.
Се додава дека истрагата е започната поради можноста турските фудбалери да се вмешани во политичка провокација.
Потсетуваме, турските фудбалери во победата против Албанија (1:0) на домашен терен и во ремито со Франција (1:1) на гости, головите ги прославија со воен поздрав и погодоците ги посветија на турските војници кои дејствуваат во рамките на операцијата „Извор на мирот“ на североистокот на Сирија.
Од УЕФА соопштија дека исто така е започната истрага и поради расистичките слогани на натпреварот Бугарија - Англија.