Fatih Erel
13 Септември 2018•Ажурирај: 15 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - УЕФА денес ги соопшти најдобрите 11 тренери во актуелната Лига на шампиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
На листата од 11-те најдобри тренери влезе и тренерот на шампионот во турската фудбалска лига Галатасарај, Фатих Терим.
„Колку тимови ќе ги победат најдобрите сегашни 11 тренери на UEFA.com, кога тие беа во својот подем како фудбалери?“, истакнаа од УЕФА.
Тренерите со нивните сегашни тимови и позициите на теренот кога тие беа играчи:
Голман: Хулен Лопетеги (Реал Мадрид), централен одбранбен играч: Маурисио Почетино (Тотенхам), централен одбранбен играч: Фатих Терим (Галатасарај), централен одбранбен играч: Јирген Клоп (Ливерпул), десен бек: Сержо Консеисао (Порто), лев бек: Еузебио Ди Франческо (Рома), централен играч од средниот ред: Жузеп Гвардиола (Манчестер сити), централен играч од средниот ред: Диего Симеоне (Атлетико), централен играч од средниот ред: Марк Ван Бомел (ПСВ Ејндховен), играч од средниот ред: Карло Анчелоти (Наполи); напаѓач: Ернесто Валверде (Барселона).
УЕФА за тренерот на Галатасарај, Терим, вели: „Дојде преку редовите на младите во клубот на родниот град, Адана Демирспор, во кој беше капитен во три од неговите пет сезони во првиот тим.“
„Единаесет години и три победи во турскиот Куп во Галатасарај додека беше капитен на турската репрезентација во 35 од неговите 51 меѓународни настапи - два рекорда во тоа време.“
Галатасарај е во Групата Д во Лигата на шампиони на УЕФА, заедно со рускиот Локомотив Москва, португалскиот Порто и германскиот клуб Шалке.