Mutlu Demirtaştan
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Аргентинскиот фудбалер Едуардо Салвио го продолжи договорот со својот клуб Бенфика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Португалскиот фудбалски клуб „Бенфика“ соопшти дека до 2022 година е продолжен договорот со 28-годишниот Салвио.
Салвио во 2012 година беше трансфериран во Бенфика, а претходно го носеше дресот на клубот од неговата земја Ланус и на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид.
Салвио поради повреди оваа сезона не успеа да одигра повеќе натпревари, односно одигра 16 натпревари во кои постигна 4 погодоци и имаше 5 асистенции.