Erbil Başay
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
БЕРЛИН (АА) - Англискиот премиерлигаш Челзи го комплетираше трансферот на американскиот фудбалер со потекло од Хрватска Кристијан Пулишиќ, кој го носеше дресот на германскиот клуб Борусија Дортмунд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Борусија Дортмунд, 20-годишниот Пулишиќ до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Борусија Дортмунд, а почнувајќи од сезоната 2019/2020 ќе го носи дресот на Челзи.
Пулишиќ во дресот на Борусија Дортмунд одигра 115 официјални натпревари во кои постигна 15 погодоци.