Alma Dekovic
02 Декември 2024•Ажурирај: 04 Декември 2024
БЕЛГРАД (АА) - Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ, ненадејно поднесе оставка на функцијата тренер на белградскиот фудбалски клуб, пренесува Анадолу.
Според јавувањата на белградските медиуми, Милошевиќ ја донел одлуката поради недостиг на договор со челниците на клубот во врска со намалувањето на платата.
Милошевиќ како играч беше во редовите на Партизан од 1992 до 1995 година, кога премина во Астон Вила. Тој се врати на Хумска на 27 март 2019 година како тренер, за да замине во септември 2020 година. Повторно беше назначен за тренер на крајот на септември годинава.
Покрај Партизан, Милошевиќ во својата тренерска кариера ја водеше и љубљанска Олимпија и беше селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.