Selçuk Buğra Gökalp
05 Јули 2023•Ажурирај: 08 Јули 2023
ЛОНДОН (АА) - Бразилскиот стрелец Роберто Фирмино го напушти англискиот клуб Ливерпул и стана нов член на саудискиот тим Ал-Ахли, јавува Анадолу.
Раководството на Ливерпул синоќа соопшти дека Фирмино и официјално го напуштил клубот како слободен играч.
Бразилскиот напаѓач потпиша тригодишен договор со саудискиот клуб Ал-Ахли.
Ливерпул му се заблагодари на 31-годишниот фудбалер за придонесот и му посака сѐ најдобро во иднина.
Ал-Ахли е клуб од Џеда кој минатата сезона ја освои втората саудиска лига и се врати во елитниот ранг на натпреварување, а пред Фирмино во тимот дојде и поранешниот голман на Челзи, Едуард Менди.
Фирмино за Ливерпул одигра 361 натпревар. Постигна 110 гола и забележа 72 асистенции. Со „црвените“ тој освои седум трофеи, меѓу кои Лигата на шампиони на УЕФА во 2019 година, Светското клупско првенство на ФИФА во 2020 година и титулата во англиската Премиер лига во 2020 година.