Oktaj Omeragikj
16 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
СКОПЈЕ
Денес и утре се играат реванш-средбите од осминафиналето во УЕФА Лигата на шампиони, по што ќе бидат познати последните 4 четвртфиналисти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во УЕФА Лигата на шампони, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, се играат последните реванш-средби по што ќе бидат познати и последните учесници во четвртфиналето.
Денес со почеток во 21:00 часот се закажани две средби од осминафиналето на ЛШ. Екипата на Реал Мадрид на домашен терен ја пречекува Аталанта. Реал Мадрид покрај предноста на домашниот терен, ја има и предноста од еден гол постигнат на првиот натпревар на гостувањето во Аталанта.
На вториот натпревар се среќаваат Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах. И англискиот претставник во ЛШ покрај тоа што игра на домашен терен, ја има предноста од два гола постигнати во првиот натпревар против Менхенгладбах.
Утре (17 март, среда) ќе се одиграат преостанатите два натпревари. Во Минхен, Баерн го пречекува Лацио. Баерн на првиот натпревар извојува победа од 1:4 и има висока предност пред реваншот со Лацио.
За утре е закажана и средбата меѓу Челзи и Атлетико Мадрид. Челзи како домаќин ќе има предност од еден погодок по победата на првиот натпревар во Мадрид од 0:1. Сепак очекуваме интересна борба, иако се знае дека Челзи трипати излезе како победник против Атлетико Мадрид во меѓусебните натпревари во УЕФА Лигата на шампиони.
Реванш-средби во ЛШ:
Денес (16 март, вторник)
21:00 Реал Мадрид - Аталанта
21:00 Манчестер Сити - Борусија Менхенгладбах
Среда (17 март)
21:00 Баерн Минхен - Лацио
21:00 Челзи - Атлетико Мадрид.