Hüseyin Burak Demirer
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Лидерот на табелата во француската Прва фудбалска лига (Лига 1), Париз Сен-Жермен (ПСЖ), го совлада својот противник Олимпик Лион со резултат 5 : 0, јавува Anadolu Agency (AA).
ПСЖ во 9-тото коло на домашен терен го пречека противникот Олимпик Лион.
Фудбалерот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар, во 9-тата минута постигна погодок, и со тоа првото полувреме заврши со резултат 1 : 0.
Во второто полувреме од натпреварот, 19-годишниот Килијан Мбапе кој го носи дресот на ПСЖ успеа четири пати да ја затресе мрежата на противникот, и тоа во 61, 66, 69, и 74. минута, со што ПСЖ победи со резултат 5 : 0.
ПСЖ се наоѓа на врвот на табелата, а победи во сите 9 натпревари што ги одигра во оваа сезона.