Basir Gülüm
22 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
КОЊА (АА) - Претседателот на турскиот фудбалски клуб Коњаспор, Ахмет Сан, поднесе оставка откако беше сослушан во Обвинителството поради наводна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во овој бурен процес, во текот на којшто сум сигурен дека ќе биде докажано оти сум невин и дека немам никаква врска со озлогласената организација, поднесувам оставка на местото претседател на Коњаспор, мојата голема љубов, за да не биде нанесена штета и на самиот клуб“, наведува Сан во својата изјава, објавена на веб-страницата на клубот.
Сан вчера беше приведен и сослушан во турското Обвинителство поради сомнеж дека го користел „ByLock“ (БајЛок), систем за шифрирана комуникација што го користеа членовите на терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, одговорна за крвавиот неуспешен обид за државен удар во Турција кој се случи на 15 јули минатата година.
По сослушувањето, Сан е пуштен на слобода, а при претресот во неговиот стан запленети се мобилни телефони и компјутери.