Dejan Maksimoviç
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
КОЊА (AA) – На натпреварот од 17. коло во Супер лигата на Турција помеѓу Коњаспор и Фенербахче домашните навивачи со кореографијата од трибините испратија поддршка на Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
Навивачите на Коњаспор со кореографијата ја прикажаа џамијата Ал-Акса и знамињата на Турција и Палестина. Поставен е и слоган „Кудс е наш, наш и ќе остане".
Домашниот состав, кој се наоѓа на 15. место со 14 бода бара триумф со кој ќе излезе од опасната зона, додека второпласираниот Фенербахче се бори за триумф поради останување во трка за шампионската титула.