Selçuk Buğra Gökalp
31 Јули 2024•Ажурирај: 01 Август 2024
АНКАРА (АА) - Ирскиот пливач Даниел Вифен освои златен медал и постигна нов олимписки рекорд на 800 метри слободно за мажи на Олимпијадата во Париз 2024, јавува Анадолу.
Вифен го постави новиот рекорд со време од 7 минути и 38,19 секунди, соборувајќи го поранешниот рекорд на Украинецот Михаило Романчук од 7 минути и 41,28 секунди, кој беше поставен во Токио во 2021 година.
Американскиот пливач Боби Финки се закити со сребрен медал со време од 7 минути и 38,75 секунди, а Грегорио Палтриниери од Италија го освои бронзениот медал со време од 7 минути и 39,38 секунди.
Вифен (23) во сабота треба да плива и на трката на 1.500 метри слободен стил за мажи.