Amina Zorniç
18 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Бразилските власти покренаа истрага откако велосипедистот Бахман Голбарнеџад (48) од Иран, почина за време на трката на Параолимписките игри кои се одржуваат во Рио де Женеиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Тамошните медиуми тврдат дека Иранецот доживеал срцев удар за време на друмската трка од категоријата C4-5.
Тој откако изгубил контрола над велосипедот силно удрил во бетонски ѕид. Веднаш бил префрлен во околната болница каде му е констатирана смрт.
Бразилските власти покренаа истрага за да се утврди дали некој од другите велосипедисти бил вклучен во несреќата.
Голбарнеџад имал ампутација на ногата по повреда во иранско-ирачката војна во 1980 година.
Иранецот е прв учесник на Параолимписките игри кој починал во текот на игрите уште од 1960 година, кога Данецот Кнуд Енемарак Џенсен загина во текот на тимската велосипедска трка на 100 километри.