İlker Girit
18 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот мотоциклист, Кенан Софоглу, го зазеде првото место по деветтиот круг на Светскиот Суперспорт Шампионат 2016 денес во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Софоглу, кој се натпреваруваше за тркачкиот тим Кавасаки, 9-от круг го започна во пол позиција на патеката ЕуроСпидвеј Лаусиц, во близина на областа Клетвиц.
На почетокот, Софоглу, по првиот агол беше престигнат од страна на мотоциклистот Ники Тули од тимот Јамаха, но турскиот мотоциклист по третото обиколување се врати во својата првобитна позиција и ја задржа до крајот, до целната линија.
Софоглу сега ја постигна својата петта победа во оваа сезона на Шампионатот. Покрај тоа, Софоглу ги надмина своите конкуренти со најмногу поени кога трет пат по ред го постигна своето прво место.
На Светскиот Суперспорт Шампионат оваа сезона, Софоглу доби 171 поен, додека Ренди Круменахер доби 118 поени. Патрик Џејкобсен од тимот Хонда доби 109 поени на својата трета позиција.
Десеттиот круг ќе започне на 2 октомври во Франција. Шампионатот се состои од 12 кругови.