Hüseyin Burak Demirer
10 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
АНКАРА (АА) - Џамал Крофорд, 39-годишниот играч на Феникс Санс, постигна 51 поен на средбата во која неговиот клуб загуби од Далас Маверикс со резултат 120:109, уривајќи го рекордот на најстар играч на кому му пошло од рака да ја надмине границата од 50 поени на еден натпревар, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 11 натпревари во американската национална кошаркарска лига НБА. Германскиот кошаркар Дирк Новицки за последен пат настапи пред својата публика во дресот на Далас Маверикс бидејќи претходно соопшти дека се повлекува на крајот од сезоната. Новицки ги бранеше боите на Маверикс 21 сезона.
Маверикс на оваа средба го совлада Феникс Санс со резултат 120 : 109. Новицки го заврши натпреварот со скор од 30 поени, 8 скока и 3 асистенции и влезе во историјата на НБА како најстар кошаркар во НБА, кој ја достигнал границата од 30 поени. Оваа титула Новицки кој има 40 години и 294 дена, ја презеде од Мајкл Џордан кому тоа му успеало на возраст од 40 години и 20 дена.
Најдобар перформанс на натпреварот прикажа играчот на Санс, Џамал Крофорд. Триесет и деветгодишниот Крофорд постигна 51 поен, 5 скока и 5 асистенции и стана највозрасниот кошаркар во НБА кој ја достигнал границата од 50 поени, преземајќи ја титулата од Џордан, кому тоа му појде од рака во 2001 година на 38 години.
- Охриѓанецот Џеди постигна 17 поени
Кливленд Кавалирс на домашен терен загуби од Шарлот Хорнетс со резултат 97:124. Со оваа победа Хорнетс остана во борбата со Детроит Пистонс за 8-мата позиција во Источната конференција, што ќе биде позната по последните натпревари што ќе се одиграат вечерва.
Најефикасни во Хорнетс беа Кемба Волкер со 23 поени, 7 асистенции и 3 скока, Џереми Лемб со 23 поени, 5 асистенции и 3 скока, Мајлс Бриџис со по 18 поени, 7 скока и 4 асистенции и Двејн Бејкон со 18 поени.
Охриѓанецот Џеди Осман, кој настапува за Кавалирс, го заврши натпреварот со 17 поени и 4 скока. Кај домаќините дабл-дабл учинок имаа Колин Секстон со 18 поени, 10 асистенции и 1 скок и Лери Ненси со 10 поени, 12 скока и 6 асистенции.
- Резултати
Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс 97 : 124
Детроит Пистонс - Мемфис Гризлис 100 : 93
Вашингтон Визардс - Бостон Селтикс 110 : 116
Мајами Хит - Филаделфија Севентисиксерс 122 : 99
Чикаго Булс - Њујорк Никс 86 : 96
Минесота Тимберволвс - Торонто Репторс 100 : 120
Њу Орлеанс Пеликанс - Голден Стејт Вориорс 103 : 112
Далас Маверикс - Феникс Санс 120 : 109
Јута Џез - Денвер Нагетс 118 : 108
Оклахома Сити Тандер - Хјустон Рокетс 112 : 111
Лос Анџелес Лејкерс - Портланд Треил Блејзерс 101 : 104
- Вечерва играат
Шарлот Хорнетс - Орландо Меџик
Сан Антонио Спарс - Далас Маверикс
Филаделфија Севентисиксерс - Чикаго Булс
Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс
Њујорк Никс - Детроит Пистонс
Атланта Хоукс - Индијана Пејсерс
Милвоки Бакс - Оклахома Сити Тандер
Бруклин Нетс - Мајами Хит
Денвер Нагетс - Минесота Тимберволвс
Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез
Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс