Yunus Kaymaz
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не настапи на првиот натпревар од АТП-купот поради болки во половината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надал за својата повреда и неможност да игра објави на неговиот профил на социјалните мрежи. На местото на Надал настапи Австралиецот Алекс де Минор, кој играше против Роберто Баутиста Агут.
Роберто Баутиста Агут со резултат 2:1 во сетови (4:6, 6:4, 6:4) го победи Алекс де Минор.
АТП-купот, што се организира по вторпат, се одржува во австралискиот град Мелбурн, со учество на 12 земји.
Шпанија во рамките на купот во четврток се среќава со Грција. Во тој дуел, светскиот рекет број 2, тенисерот Надал, ќе се сретне со грчкиот тенисер Стефанос Циципас.