Bakir Tiro
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со тешки маки синоќа го совладаа Борнмут со резултат 1:0, во 17. коло од Премиер лигата на Англија. На овој начин Јунајтед остана 11 поени зад градскиот ривал Манчестер Сити, лидерот на табелата на шампионатот на Англија.
„Трката за титулата сѐ уште не е завршена. За шампионот ќе се одлучува во мај“, рече по натпреварот Жозе Мурињо, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ако беше завршена трката сега ќе бев на годишен одмор во Бразил или Лос Анџелес“, додаде Мурињо.