Yunus Kaymaz
20 Февруари 2020•Ажурирај: 20 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа уште два натпревари од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампиони синоќа се сретнаа минатогодишниот финалист, екипата на Тотенхем, и Лајпциг, а на втората средба играа Аталанта и Валенсија.
На стадионот „Вајт Харт Лејн“ на кој Тотенхем го дочека Лајпциг, првото полувреме заврши без погодоци, 0 : 0.
Во второто полувреме, во 58. минута од натпреварот Тимо Вернер од пенал постигна погодок за водство на Лајпциг од 0 : 1. Со овој резултат заврши и натпреварот, што им донесе важна предност на гостите пред реванш-средбата во Лајпциг.
- Висока победа на Аталанта
Екипата на Аталанта, која за првпат игра во Лигата на шампиони, на домашен терен ја пречека Валенсија.
Аталанта поведе со 1 : 0 во 16. минута од средбата преку Ханс Хатебур, а веќе во 42. минута водеше со 2 : 0 благодарение на погодокот што го постигна Јосип Иличиќ, а тоа беше резултат со кој заврши првото полувреме. Ремо Фројлер во 57. минута зголеми на 3 : 0, а веќе во 62. минута Хатебур го постигна својот втор погодок и Аталанта поведе со 4 : 0. Валенсија во 66. минута намали на 4 : 1 преку Денис Черишев, што беше и конечен резултат на натпреварот.
Реванш-средбите од овие два натпревари се закажани за 10 март.