Abdulkadir Karakaya
16 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ЛОНДОН
Тренерот на Ливерпул изјави дека не жали премногу што не успеаја да го соборат рекордот, со што ќе станеа екипа во Премиер лигата со најголем број освоени бодови во текот на сезоната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ливерпул вчера загуби со 2:1 од Арсенал и падна на 93 бода, губејќи ја шансата да го собори рекордот на Манчестер Сити од сезоната 2017/2018 кога освои дури 100 бода.
Клоп по натпреварот изјави дека е најважно што неговата екипа ја освоила титулата.
„Имаме 93 бода и многу рано успеавме да ја освоиме титулата. Нема да носам негативен заклучок само затоа што не успеавме да достигнеме 100 и повеќе бодови. Моите играчи имаа фантастична сезона и тоа не може никој да им го оспори“, изјави германскиот стратег.
Тој додаде дека посакуваат сезоната да ја завршат со 99 освоени бодови, така што би победиле во последните два натпревари против Челси и Њукасл Јунајтед.
Ливерпул оваа година, 7 кола пред крајот на сезоната, по 30 години чекање стана првак на Англија.
Ливерпул во моментов има 93 бода. На табелата во Премиер лигата по Ливерпул следуваат Манчестер Сити со 75, Челси со 63, Лестер Сити и Манчестер Јунајтед со по 59 и Вулверхемптон Вондерерс со освоени 56 бода.