Admir Fazlagic
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
СТРУМИЦА (АА) - Квалификацискиот натпревар од циклусот за Светско првенство 2018 помеѓу репрезентациите на Македонија и Албанија којшто се играше на стадионот „Младост“ во Струмица заврши нерешено, со конечен резултат 1:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако првото полувреме заврши без голови, реперзентациите на Македонија и Албанија започнаа да играат поофанзифен фудабал што придонесе и двете репрезентации да дојдат до погодок.
Најпрвин до гол дојде репрезентацијата на Албанија преку погодокот на Одисе Роши во 53. минута од натпреварот, кој постигна гол со глава по нафрлена топка во шеснаесетникот, а потоа играчите на Макеоднија играа поотворено и понапаѓачи, се изборија за пенал и во 78. минута Алексадар Трајковски шутираше прецизно и постигна гол од белата точка.
До крајот на натпреварот играчите на гостинскиот тим имаа уште една конкретна шанса, но не успеаја да го зголемат водството. Истото се случуваше и кај домашниот тим, фудбалерите на репрезентацијата на Македонија имаа неколку шанси, но не постигнаа победнички погодок, со што беше поставен конечниот резултат 1:1.
Македонија последниот меч на домашен терен со Албанија го одигра во 2011 година во Прилеп кој заврши без голови (0-0). Вкучувајќи го и вечерашниот натпревар, двете репрезентации имаат одиграно десет средби, а позитивниот скор е на страната на Македонија, која има четири победи. Четири натпревари завршија без победник, додека репрезентацијата на Албанија успеала да победи двапати.