Admir Fazlagic
03 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја победи репрезентацијата на Израел со 1:0 во Хаифа во квалификациски дуел за Светското првенство 2018 што ќе се игра во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во овој натпревар репрезентацијата на Македонија играше отворен фудбал, и постојано создаваше шанси, но до 73. минута немаше гол на натпреварот.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна капитенот Горан Пандев, кој во шеснаестерецот доби топка од младиот играч Елиф Елмас и успеа да се избори за слободен простор и да шутира прецизно постигнувајќи го победоносниот гол.
За Пандев ова беше 30. гол во националниот дрес, а за репрезентацијата на Македонија ова беше втората победа во квалификациите.
Во вторник во 8.коло од квалификациите за Светското првенство 2018, репрезентацијата на Македонија ќе игра против репрезентацијата на Албанија во Струмица.