Husamedin Gina
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Одбојкарската репрезентација на Турција вечерва во Спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје во квалификацискиот турнир за настап на Европското одбојкарско првенство, ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 3:0 во сетови во реванш мечот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На петтиот ден од квалификацискиот турнир на кој машките репрезентации на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина се борат за пласман на Европското првенство, репрезентација на Турција ја победи Босна и Херцеговина со 3:0 во сетови.
Одбојкарите на Турција, првиот сет кој траеше 16 минути го добија со резултат од 25:9.
Вториот сет исто така ја освои репрезентацијата на Турција со резултат од 25:19. Овој сет траеше 22 минути.
Третиот и последен сет со резултат од 25:18 го освои репрезентацијата на Турција. Последниот сет траеше 22 минути.
Со денешната победа Турција ја освои третата победа во квалификацискиот турнир за настап на Европското одбојкарско првенство.
На натпреварот судеа Петровиќ Александар од Србија и Иванов Ивајло од Бугарија.
Последниот натпревар од реванш средбите од квалификациите во Групата Ц ќе се одигра утре, на 16 јануари, помеѓу Турција и Северна Македонија, со почеток во 18 часот, во Спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје.
Да потсетиме првиот натпревар кој се играше среда (13.01) ја доби екипата на Турција со 3:1 во сетови.
На крајот од квалификациите за учество на Европското првенство во одбојка за мажи, тимовите кои во своите групи ќе го освојат првото место и најдобрите 5 второпласирани репрезентации ќе имаат право да учествуваат на ЕП 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска во 2021 година.