Yunus Kaymaz
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со дваесеттата трка во сезоната која ќе се одржи во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Катар (Qatar Grand Prix) на патеката „Лосаил“, која е долга 5,4 километри и се наоѓа во катарскиот главен град Доха, возачите ќе треба да извозат 57 круга.
В сабота со почеток во 15:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Катар е закажана за в недела, 21 ноември, со почеток во 15:00 часот.
Пред трката, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на пилотите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 332,5 поени
2. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 318,5 поени
3. Валтери Ботас (Финска): 203 поени
4. Серџо Перез (Мексико): 178 поени
5. Ландо Норис (Велика Британија): 151 поени
- Пласман на тимовите:
1. Mерцедес: 521,5 поени
2. Ред Бул: 510,5 поени
3. Мекларен: 287,5 поени
4. Ферари: 256 поени
5. Алпин: 112 поени