Abdulkadir Karakaya
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Фудбалската репрезентација на Канада во рамките на квалификациите на Средна Америка и Карибите за учество на ФИФА 2022 со резултат 11:00 ги совлада Кајманските Острови и ја постигна највисоката победа во својата историја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварот меѓу Канада и Кајманските Острови се одигра на стадионот „ИМГ академи“ во американската сојузна држава Флорида.
Погодоците за Канада ги постигнаа Лукас Кавалини (3), Алфонсо Дејвис (2), Марк-Ентони Кеј (2), Кајл Ларин, Франк Стуринг, Дејвид Вотерспун и Алистер Џонстон, благодарение на кои Канада дојде до историската победа.
Овој резултат претставува највисока победа во историјата на фудбалската репрезентација на Канада.