Mehmet Nuri Uçar,Afra Aksoy
07 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
РИЈАД (АА) - Авиокомпанијата „Saudi Arabian Airlines“ во понеделникот соопшти дека од 13 август ги суспендира летовите кон и од Торонто, Канада, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека сите резервации за летовите кон Торонто се суспендирани, со ветување дека ќе биде пронајдено решение за патниците кои веќе резервирале карти за летовите кон или од Канада.
Суспензијата на летовите дојде откако Канада повика на ослободување на двајца притворени активисти за правата на жените, вклучувајќи ја и сестрата на писателот Раиф Бадави, кој инаку е оженет со Канаѓанка.
Откако изјавите во врска со приведувањето на активистите предизвикаа дипломатска криза меѓу двете земји, Саудиска Арабија утрово соопшти дека од канадскиот амбасадор побарале во рок од 24 часа да го напушти Ријад. Покрај тоа, сите трговски врски со Канада се прекинати, како и размената на студенти.