Dzihat Aliju
04 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Денеска е соопштен списокот на играчи кои ќе им се спротивстават на репрезентациите на Лихтенштајн и Ерменија во УЕФА Лигата на нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Игор Ангеловски, тренерот на македонската фудбалска репрезентација, го соопшти списокот на кандидати кои во УЕФА Лигата на нации ќе им се спротивстават на репрезентациите на Лихтенштајн и Ерменија. Меѓу кандидатите се најде и Елиф Елмас, играч на турскиот фудбалски клуб Фенербахче.
Македонската фудбалска федерација (МФФ) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на 21 играч за кои се одлучи тренерот Игор Ангеловски.
Ангеловски, зборувајќи дека не направил големи измени во тимот, рече: „Фокусирани сме на првиот дуел. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму каде што застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подобро ако запишеме нови три бода со допадлива игра.“
Во Лигата Д, групата 4, од УЕФА Лигата на нации, на 13 октомври Македонија на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Лихтенштајн, додека на 16 октомври ѝ гостува на репрезентацијата на Ерменија.
Список на играчи повикани од тренерот Ангеловски:
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Давид Митов Нилсон (Норчепинг), Дамјан Шишковски (Лахти).
Одбрана: Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Висар Муслиу (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт), Дарко Велковски (Ријека), Мите Цикарски (Јанина), Кристијан Тошевски (Вардар).
Среден ред: Елиф Елмас (Фенербахче), Аријан Адеми (Динамо Загреб), Енис Барди (Левенте), Стефан Спировски (Ференцварош), Бобан Николов (Мол Види), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед), Ферхан Хасани (Ал Реад).
Напад: Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Палермо), Александар Трајковски (Палермо), Иван Тричковски (АЕК Ларнака).