спорт

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени го погоди Еквадор

- Епицентарот на земјотресот е регистриран на 16 километри од градот Гваја, во северозападниот дел на земјата, на длабочина од 45 километри.

Sinan Doğan  | 22.01.2021 - Обновена : 25.01.2021
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени го погоди Еквадор

БОГОТА

Јужноамериканската држава Еквадор ја погоди земјотрес со интензитет од 5,2 степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот секретаријат за ублажување на ризици на Еквадор на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 16 километри од градот Гваја, сместен во северозападниот дел на земјата, на длабочина од 45 километри.

Претставниците на власта информираа дека во земјотресот нема човечки жртви, а не е причинета ниту материјална штета.

На 17 април 2016 година Еквадор беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,8 степени, во кој животот го загубија повеќе од 77 лица. Земјата се наоѓа во зоната на земјотреси наречена „Пацифички огнен прстен“ со интензивна сеизмичка активност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın