Hilmi Sever
13 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Денес со натпреварот меѓу домаќинот Русија и репрезентацијата на Саудиска Арабија, започнува ФИФА Светското фудбалско првенство Русија 2018, јавува Anadolu Agency (AA).
Светското првенство на кое учествуваат 32 репрезентации, започнува на 14 јуни, а завршува со одигрување на финалниот натпревар закажан за 15 јули.

На Првенството ќе се одиграат 64 натпревари. Во групната фаза, репрезентациите се поделени во 8 групи од по 4 тима. Првенството во Русија ќе се игра во 11 градови, а во првата фаза по групи ќе се одиграат 48 натпревари.
Натпреварите по групи завршуваат на 28 јуни, четврток. Првопласираните 2 репрезентации од секоја група продолжуваат во понатамошната фаза.
Втората фаза од Првенството започнува на 30 јуни
Вкупно 16 репрезентации ќе се натпреваруваат во втората фаза од ФИФА Светското првенство 2018. Во оваа фаза натпреварите се на база на елиминација.
Натпреварите од втората фаза ќе се играат на 30 јуни и 1, 2 и 3 јули. Во оваа фаза, организирани се парови А-Б, Ц-Д, Е-Ф и Г-Х, при што, првопласираните од двете групи ќе играат против второпласираните од спротивната група.
Победниците од овие дуели, на 6 и 7 јули ќе се сретнат во четвртфиналето. За 10 и 11 јули закажани се средбите од полуфиналето на ФИФА Светското првенство, Русија 2018.
Поразените репрезентации на 14 јули во Санкт Петербург ќе се борат за третата позиција, додека на 15 јули во Москва ќе се одигра финалето на Светското фудбалско првенство.
Осминафинале
Во осминафиналните натпревари се среќаваат првопласираните од групите во паровите А-Б, Ц-Д, Е-Ф и Г-Х, со второпласираните репрезентации од другата група.
Распоредот изгледа вака:
| 49 | 30 јуни | 20:00 | Сочи | A група 1 | Б група 2 |
| 50 | 30 јуни | 16:00 | Казањ | Ц група 1 | Д група 2 |
| 51 | 1 јули | 16:00 | Москва | Б група 1 | A група 2 |
| 52 | 1 јули | 20:00 | Нижни Новгород | Д група 1 | Ц група 2 |
| 53 | 2 јули | 16:00 | Самара | E група 1 | Ф група 2 |
| 54 | 2 јули | 20:00 | Ростов на Дон | Г група 1 | Х група 2 |
| 55 | 3 јули | 16:00 | Санкт Петербург | Ф група 1 | E група 2 |
| 56 | 3 јули | 20:00 | Москва | Х група 1 | Г група 2 |
Четвртфинални натпревари
Најдобрите 8 репрезентации ќе се сретнат во четвртфиналните натпревари.
Распоредот од четвртфиналните натпревари изгледа вака:
| 57 | 6 јули | 16:00 | Нижни Новгород | победник од мечот 49. | победник од мечот 50. |
| 58 | 6 јули | 20:00 | Казањ | победник од мечот 53. | победник од мечот 54. |
| 59 | 7 јули | 20:00 | Сочи | победник од мечот 51. | победник од мечот 52. |
| 60 | 7 јули | 16:00 | Самара | победник од мечот 55. | победник од мечот 56. |
Полуфинални натпревари
Програма на натпреварите од полуфиналето на ФИФА Светското првенство во Русија, 2018:
| 61 | 10 јули | 20:00 | Санкт Петербург | победник од мечот 57. | победник од мечот 58. |
| 62 | 11 јули | 20:00 | Москва | победник од мечот 59. | победник од мечот 60. |
Натпревар за титула и трето место
Распоред на натпреварот за третото место и финалниот меч:
| 63 | 14 јули | 16:00 | Санкт Петербург | поразениот од мечот 61. | поразениот од мечот 62. |
| 64 | 15 јули | 17:00 | Москва | победникот од мечот 61. | победникот од мечот 62. |