Murat Keleş
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
МОСКВА (АА) – Надлежните во Русија објавија дека двата стадиона што беа планирани за Светкиот куп, кој ќе се одржи во државата, ќе бидат готови подоцна од планираното, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од прес-службата на Кремљ е наведено дека стадионите „Нижни Новгород“ и „Волгоград“, кои се со капацитет од 45 илјади гледачи, нема да бидат готови до декември 2017, како што беше планирано.
Организацискиот комитет на Светскиот куп не даде изјава во врска со доцнењето. Од таму изјавија оти се надеваат дека стадионите на кои ќе се играат мечевите ќе бидат подготвени до отпочнувањето на турнејата.
Претходно беше објавено дека Русија ќе го намали буџетот одвоен за светскиот куп на ФИФА 2018, за 3 милијарди рубљи.
Светскиот куп на ФИФА 2018, кој ќе се одржи во 11 различни градови во Русија, ќе започне на 14 јуни 2018 година, со првиот меч што ќе се одржи на стадионот „Лујники“ во Москва.