Mehmet Nuri Uçar,Serdar Bitmez
01 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
ДОХА (АА) – Граѓаните ширум Катар излегоа на улиците и централните плоштади за да ја прослават историската победа на својата фудбалска репрезентација која во финалето на Азискиот Куп 2019 ја совлада Јапонија и за прв пат стана азиски првак, јавува Anadolu Agency (AA).
На улиците на главниот град на Доха излегоа илјадници граѓани кои носат знамиња и пеат патриотски песни.
Инаку, неколку илјади луѓе натпреварот од финалето го гледаше на огромниот екран кој беше поставен на централниот плоштад во катарската престолнина. Фудбалската репрезентација на Катар во финалето на Азискиот куп 2019 ја совлада Јапонија со 3:1 и стана првак на Азија.
Во натпреварот кој се играше на стадионот "Зајед Спортс Сити" во Абу Даби, селекцијата на Катар поведе веќе во 12. Минута со голот на Али Алмоез. Предноста ја зголемија со голот на Абдулазиз Хатим во 27 минута што беше резултат од првиот дел од натпреварот. Репрезентацијата на Јапомина усепа да дојде до погодок во 69 минута преку Такуми Минами.
Сепак, тимот на Катар ја зголеми предноста на 3:1 во 82 минута со голот на Екрем Афиф од пенал. До крајот резултатот не се менуваше а фудбалската репрезентација на Катар за прв пат стана првак на Азија.
Инаку, ова за репрезентацијата на Катар беше прво финале од Азискиот куп. Јапонија и понатаму е најуспешна селекција во Азискиот куп со четири титули, а потоа следуваат Иран и Саудиска Арабија со по три титули.