Fatih Erel
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот фудбалски клуб Рубин Казањ доби забрана за учество во натпревари во Европа во времетраење од една година, соопшти денес УЕФА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Раководното тело на европскиот фудбал преку соопштение истакна дека суспензијата на Рубин Казањ настанала поради кршење на договорот за финансиски фер плеј, одлука од страна на Kомората за адјудикација, надлежно тело на УЕФА за контрола на финансиите (CFCB).
„Клубот е исклучен од учеството во следното клупско натпреварување на УЕФА, за кое инаку би се квалификувал во следните две сезони“, соопштија од УЕФА.
Оттаму додаваат дека одлуката може да се обжали до Спортскиот арбитражен суд (CAS), беа да дадат понатамошни детали на кој начин рускиот тим ги прекршил правилата.
Според правилата на УЕФА за финансиски фер плеј, на европските фудбалски клубови им е забрането да трошат повеќе отколку што се нивните приходи.