Gökhan Kurtaran
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека корупцијата во светот му пружа поддршка на тероризмот, па ја повика меѓународната заедница на соработка и ефикасна борба против тој проблем, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Лондон се одржува Самит за антикорупциска борба на која во својство на модератор учествува британскиот премиер Дејвид Камерон, а на присутните им се обрати и шефот на американската дипоматија Кери, кој нагласи дека корупцијата е глобален проблем.
„ Корупцијата е непријател на сите нас, бидејќи како и радикализмот така и другите проблеми доведуваат до колапс на државата. Корупцијата доведува до разделување на целата структура на општеството ”, изјави Кери.
Претседателот на Нигерија, Мухамед Бухари, изјави дека корупцијата носи корист на некои елитни кругови, а прави голем јаз во општеството и го турка поголемиот дел од заедницата во сиромаштија.
„ Корупцијата е најголем непријател на ова време. Меѓународната заедница предолго гледаше во некој друг правец, но сега мора да се свртиме и решително да му се спротиставиме на тој непријател”, порача Бухари.
Шефот на Светската банка, Џим Јонг Ким предупреди на проблемот со корупција и изјави дека денес во Светската банка може да зборува за радикалната транспарентност.
„Живееме во ера на радикална транспарентност. Сакале ние или не, хакерите ќе продолжат да откриваат се повеќе работи. Досието на Панама е добар пример за тоа, ” изјави Џим.