Sarp Özer
09 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Нуретин Џаникли, изјави дека во операциите на турските сили на северниот дел на Ирак, од почетокот на годината биле неутрализирани повеќе од 500 терористи, и дека неговата земја прави сè што е неопходно за терористите да бидат искоренети во потполност, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, кој е одржан вчера во Брисел, Џаникли одговараше на прашањата на новинарите.
Тој потсети дека имал можност да изврши и одвоен состанок со министерот за одбрана на САД, Џејмс Матисон, за време на кој разговарале за договорот на Турција и САД околу мапата на патот за сирискиот град Мунбиџ.
„Разговаравме за голем број теми. Особено кога станува збор за мапата на патот за Мунбиџ, тоа беше еден детален, конструктивен и позитивен разговор“, изјави Џаникли, додавајќи дека на состанокот е истакнато дека нема да има никакви доцнења кога станува збор за реализација на мапата на патот за Мунбиџ.
Џаникли додаде дека Турција продолжува со одлучната борба против тероризмот и операциите во кои се користат систем и вооружување од домашно производство.
„Во операциите од почетокот на годината, на северниот дел на Ирак, неутрализирани се повеќе од 500 терористи. Правиме сè што е неопходно за терористите да бидат искоренети во потполност, и тоа ќе продолжиме да го правиме до крајот“, изјави Џаникли.