Riyaz Khaliq Khaliq
12 Декември 2024•Ажурирај: 12 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Јужнокорејската полиција денес се обиде да изврши нова рација во претседателскиот комплекс откако пред еден ден од канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол им го блокираа влезот на истражителите за да го испитаат неговиот неуспешен обид за воена состојба, јавува Анадолу.
Рацијата била насочена кон канцеларијата на Здружениот штаб, лоцирана во претседателскиот комплекс, објави сеулски „Јонхап њуз“.
Беше нејасно дали истражителите од Националната канцеларија за истраги можеле да пристапат до канцеларијата на Здружениот штаб, која, сепак, се согласи да соработува со полицијата и дополнителните материјали ќе ѝ бидат дадени на доброволна основа.
Истражителите од специјалната единица на полицијата бараат согласност од Здружениот штаб да влезат во воен објект.
Канцеларијата на Јун претходно им предала документи со ограничена содржина“ на истражителите, но им забранила влез во претседателската канцеларија.
Истражителите вчера со часови се обидуваа да влезат во претседателскиот комплекс за да ја пребараат конференциската сала на Кабинетот, Претседателската служба за безбедност и бункерот во седиштето на Здружениот штаб.
Претходно денес началникот на Генералштабот на јужнокорејската армија, генерал Парк Ан-су, беше суспендиран од должност откако Јун го именуваше за командант на краткотрајната воена состојба прогласена на 3 декември.
Но воената состојба беше брзо укината откако 190 пратеници побрзаа да ја отфрлат одлуката на Јун.
Исто така, пратениците денес го усвоија предлог-законот, по четврти пат, за назначување специјален советник за истрага на првата дама Ким Кеон Хи.
Првите три предлог закони за таа цел беа ставени на вето од Јун.
Денешниот предлог-закон беше усвоен со 195-85, а двајца парламентарци беа воздржани.
Потегот на Јун да воведе воена состојба предизвика политичка криза во Јужна Кореја.
Шеесет и тригодишниот лидер е прв актуелен претседател што се соочува со обвиненија за предавство и бунт, како и со забрана за патување.