Islam Uddin
28 Септември 2022•Ажурирај: 30 Септември 2022
АНКАРА (АА) ‒ Јужна Кореја денеска објави дека Северна Кореја лансирала уште една сомнителна балистичка ракета кон Источното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Јужнокорејската војска во соопштението наведе дека Пјонгјанг истрелал проектил без давање повеќе детали“, јави новинската агенција „Јонхап“.
Лансирањето се случува на ден пред очекуваната посета на американската потпретседателка Камала Харис на демилитализираната зона која ги дели Јужна и Северна Кореја, во рамки на нејзината претстојна посета на Јужна Кореја.
Ова е воедно второ ракетно тестирање за три дена откако Пјонгјанг во неделата истрела балистичка ракета со краток дострел во Источното Море, пред Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја да ги започнат заедничките поморски вежби в понеделник.
За време на четиридневните комбинирани вежби во Источното Море, сојузниците мобилизираа над 20 пловила и американски носач на авионите и јужнокорејските воени бродови.