свет

Јужна Кореја отвори предупредувачки оган кон руски борбен авион

- Јужна Кореја соопшти дека отвориле предупредувачки оган кон руски воен авион кој влегол во нејзиниот воздушен простор,

Emel Öz Gözellik  | 23.07.2019 - Обновена : 24.07.2019
Јужна Кореја отвори предупредувачки оган кон руски борбен авион

АНКАРА

Јужна Кореја соопшти дека отвориле предупредувачки оган кон руски воен авион кој влегол во нејзиниот воздушен простор, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според јужнокорејската агенција „Јонхап“, Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопштило дека 3 руски борбени авиони влегле во областа на Корејската воздушна одбранбена идентификациска зона КАДИЗ.

Во соопштението од Министерството се наведува дека еден од тие три авиони влегол во нејзиниот воздушен простор и затоа бил истрелан предупредувачки оган.

Според Министерството, исто така и два кинески воени авиони влегле во областа на Корејската воздушна одбранбена идентификациска зона КАДИЗ.

„До Кина и Русија ќе бидат поднесени и официјални жалби за прекршување на нејзиниот воздушен простор“, се вели во соопштението.

Јужнокорејски официјален претставник изјави дека сè уште не е јасно дали руските и кинеските авиони намерно или ненамерно влегле во зоната на Корејската воздушна одбранбена идентификациска зона КАДИЗ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın