Laith Al-jnaidi,Çağrı Koşak
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
АМАН (АА) - Министерството за надворешни работи на Јордан соопшти дека отворањето на Амбасадата на Косово во Кудс (Ерусалим) претставува сериозно прекршување на меѓународното право, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сите акти и одлуки кои имаат за цел да го сменат правниот статус на Кудс се нелегални и правно неважечки“, истакна преку писмено соопштение Дајфулах ел Фајиз, портпарол на јорданското МНР.
Фајиз нагласи дека праведно и сеопфатно решение може да се осигури преку дводржавно решение, осудувајќи го отворањето на Амбасадата на Косово во Кудс.
Според него, Косово со овој чекор отворено и сериозно ги прекршило меѓународните резолуции и меѓународното право.