Hande İlbeyi Canca
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ОБЕРХАУЗЕН (AA) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим денеска во германскиот Оберхаузен изјави дека сите припадници на терористичката организација ФЕТО, без оглед дали се кријат во Турција или било каде во светот, ќе бидат пронајдени и предадени на правосудството, јавува Anadolu Agency (AA).
„И лидерот на терористичката организација кој се наоѓа во Пенсилванија, кој го планираше пучот, ќе биде донесен пред правдата и ќе одговара", порача Јилдирим во обраќањето во Германија.
Потсети и дека „некои би можеле да бидат вознемирени од тоа што Турција потполно се чисти од тероризмот".
„Отворено велам дека Турција и понатаму ќе ги вознемирува сите они кои им овозможуваат засолниште на терористите. Поминаа времињата кога на Турција можеа да и се делат лекции. Турција не е земја која може да се заплаши со мафтање на прстот. Сите кои ќе ги поддржуваат терористите треба да знаат дека истите тие терористи ќе им дојдат до главата", рече Јилдирим.