Safiye Karabacak
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
САНА (АА) - По тринеделената пауза, авионите што превезуваат хуманитарна помош повторно слетуваат на меѓународниот аеродром Сана во Јемен, објавија локални извори, јавува Anadolu Agency (AA).
На аеродромот во Сана слетаа авионите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), кои превезуваа волонтери од хуманитарните акции, како и авионот на руската амбасада во Сана, кој превезуваше нов персонал.
Аднан Хизам, портпарол на МКЦК во Јемен, потврди дека група волонтери од таа организација пристигнале на аеродромот во Сана.
Откако Хутите лансираа балистичка ракета на Ријад, коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ги затворија сите воздушни, поморски и копнени граници во Јемен.