Ahmet Furkan Mercan
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ТОКИО (АА) – Во Јапонија на фармацевтите може да им биде дозволено да вакцинираат за заштита од Ковид-19, со цел да се забрза процесот на имунизација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коно Таро, член на Владата одговорен за вакцинацијата против Ковид-19, на прес-конференција изјави дека разговарале за опцијата фармацевтите да можат да вакцинираат.
Потсетувајќи дека и стоматолозите, покрај лекарите, се назначени да работат во процесот на вакцинацијата, Коно Таро рече дека ако и тоа не биде доволно, ќе бидат назначени и фармацевтите.
Во Јапонија вакцинацијата на здравствените работници започна во февруари, а на оние над 65 години во месец април.
Информативната агенција „Кјодо“ соопшти дека досега 3 проценти од населението ја примило најмалку првата доза од вакцината, што е најмал процент меѓу развиените економии. Населението на Јапонија изнесува 126 милиони.