Ekip
12 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
СОЛУН (АА) - Повеќе од 300 пожарникари работат на гаснењето на големиот шумски пожар што избувна во текот на викендот во јужниот дел на грчкиот остров Тасос, јавува Anadolu Agency (AA).
Огнената стихија проголта неколку куќи, од кои претходно биле евакуирани семејствата.
На островот каде што е прогласена вонредната состојба, затворени се сите училишта и евакуирани се две села во ридовите. На гаснењето на пожарот ангажирани се и 15 „Канадери“.
Нема човечки жртви, иако беа повредени осуммина пожарникари.
Премиерот на земјата, Алексис Ципрас, денес со воен хеликоптер го обиколи островот.
Според грчките медиуми, целиот остров е во чад, а состојбата дополнително ја влошува ветерот што го разгорува огнот.
Грчките власти сметаат дека пожарот што избувна во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, бил предизвикан од удар на гром.