Aşkın Kıyağan
06 Јуни 2019•Ажурирај: 07 Јуни 2019
ВИЕНА (АА) - Петнаесет азиланти во бегалскиот центар во подрачјето на Куфштајн, во австриската сојузна покраина Трол, штрајкуваат со глад бидејќи биле одбиени нивните барања за азил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на австриската државна телевизија ОРФ (ORF), 15 бегалци, меѓу кои и 14-годишно девојче, започнаа штрајк со глад.
Во веста се наведува дека овие бегалци, чии барања за азил се одбиени, веќе околу 48 часа одбиваат да јадат, со цел повторно да се разгледува нивното барање и да не бидат депортирани.
Во соопштението на австриското Министерство за внатрешни работи се нагласува дека во бегалскиот центар кој се нарекува „повратен центар“, од страна на екстремно десничарската Влада се исполнети сите стандарди и дека се обидува да разговара со азилантите.
Според Министерството, ќе се применуваат процедури во врска со штрајкувањето со глад и ќе се овозможи лекарска помош за бегалците.
Се вели дека во бегалскиот центар каде што се штрајкува со глад, се наоѓаат 40 бегалци, чии барања за азил се одбиени, и се нагласува дека штрајкот нема да ја смени одлуката за одбивање на нивните барања.