Ata Ufuk Şeker
06 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Советот на Европската Унија (ЕУ) ја одобри регулативата за покачување на цената на апликациите за виза, јавува Anadolu Agency (AA).
Според тоа, ќе се изврши промена во цените на патничките визи кои ЕУ ги применува кон граѓаните на 100 земји.
Во овие рамки, цената на апликациите за виза ќе се покачи од 60 на 80 евра.
Од друга страна, барањата за виза ќе може да се доставуваат шест месеци пред патувањето.
Оваа регулатива, која претходно беше ратификувана во Европскиот парламент, ќе стапи во сила шест месеци по објавување во Службениот весник на ЕУ.