Abdullah Aşıran
30 Април 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
УТЕХТ (АА) - Во многу холандски градови штрајкуваат возачите на автобуси кои бараат подобри работни услови и зголемување на платите, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку илјади возачи на автобуси, на повик на Холандската конфедерација на работнички синдикати (ФНВ), одлучија да учествуваат во дводневниот штрајк во земјата.
Оваа одлука се одрази врз одвивањето на сообраќајот кое е отежнато, а забележани се и бројни доцнења и откажувања на линиите.
Во соопштението на Холандската конфедерација на работнички синдикати (ФНВ) се вели дека рокот за преземање конкретни чекори за подобрување на условите за работа е истечен, и дека за штрајкот се одговорни работодавачите. Сметаат дека проблемот ќе се реши со постигнување конкретен договор.
ФНВ преговара со работодавачите од октомври минатата година за подобрување на работните услови и зголемување на платите на вработените.
Возачите во јавниот превоз во Амстердам, Ротердам и Хаг не учествуваат во штрајкот, бидејќи имаат потпишано договори со различни ставки.
Неколку илјади возачи на автобуси од истите причини штрајкуваа и во јануари, кога најавија нови блокади на сообраќајот доколку нивните барања не бидат исполнети.