Ekipa
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
МАДРИД (АА) - Најмалку 476 мигранти се спасени во близина на јужниот брег на Шпанија, по обидот да го преминат Средоземното Море од африканскиот брег, соопшти шпанската поморска служба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поморската служба соопштува дека во петокот и саботата ги спасиле мигрантите од 15 помали чамци. Нема информации за потенцијални жртви.
Поволните временски услови во оваа област предизвикаа нов бран обиди за премин на Средоземното Море.
Секоја година, десетици илјади бегалци и мигранти се обидуваат да го преминат Средоземното Море во потрага по подобар живот во Европа, а илјадници од нив се удавија во обидот за опстанок.