Ekipa
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Припадниците на шпанската поморска служба, денес спасија 54 лица, меѓу кои и две бебиња, кои во шверцерски брод се обиделе да преминат преку Средоземното Море со цел да стигнат до европското тло, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на службата истакна дека бродот во коишто се наоѓале и 13 жени е забележан во водите источно од Гибралтар.
Црвениот крст соопшти дека седуммина мигранти се хоспитализирани по пристигнувањето во пристаништето во Малага, во саботата пред полноќ.
Стотици илјади мигранти и бегалци во изминатите неколку години прават обиди да стигнат до Европа, користејќи небезбедни бродови и гумени чамци на криумчарите на луѓе, а илјадници од нив ги губат своите животи.