Ömer Tuğrul Çam
06 Јули 2023•Ажурирај: 07 Јули 2023
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред состанокот на делегациите на Туркије, Шведска и Финска во врска со членството на Шведска во НАТО, јавува Анадолу.
По состанокот во седиштето на НАТО во Брисел, се очекува Фидан и Столтенберг да се состанат во рамки на разговорите помеѓу делегациите на Туркије, Финска и Шведска во врска со членството на Шведска во Алијансата.
Покрај Фидан, дел од турската делегација што ќе учествува на состанокот, чиј домаќин ќе биде Столтенберг, се шефот на Националната разузнавачка служба на Туркије, Ибрахим Калин, главниот советник на турскиот претседател, Акиф Чагатај Килич, и заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, Бурак Акчапар.
На состанокот се очекува да се разгледаат различни теми, како и чекорите кои Финска и Шведска ги направиле особено во рамки на борбата против тероризмот врз основа на трилатералниот меморандум.