Nur Asena Ertürk
20 Декември 2024•Ажурирај: 20 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Европската Унија ќе го засили своето дипломатско присуство во Сирија по Асад, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Коста, јавува Анадолу.
„ЕУ веќе се ангажира со актери на теренот, новите власти и другите регионални актери и ќе го зголеми своето дипломатско присуство во (главниот град) Дамаск“, рече Коста на прес-конференцијата вчера по состанокот на Советот на ЕУ во Брисел.
Истакнувајќи ја целта на ЕУ „да го зачува територијалниот интегритет на Сирија и да обезбеди почитување на човековите права“, тој рече дека ЕУ ја дава многу потребната хуманитарна помош во Сирија.
На прес-конференцијата Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата на ЕУ, рече дека Европа „ќе го направи својот дел да ја поддржи Сирија во овој критичен момент“ додека од 13-годишна граѓанска војна оди кон нова и поинаква администрација.
„На Европа и е битна моќта која се враќа кај народот на Сирија. Европа има своја улога“, рече таа, повторувајќи дека Делегацијата на ЕУ во Дамаск, исто така, ќе биде отворена.
„И сега продолжува да ги поддржува луѓето во Сирија, со фокус на рано закрепнување и реконструкција.“
Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.