Efe Özkan
17 Декември 2024•Ажурирај: 17 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Генерал потполковникот Игор Кирилов, началник на руските одбранбени сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва денес, објави новинската државна агенција ТАСС, пренесува Анадолу.
Експлозијата е предизвикана од експлозивна направа поставена во електричен скутер, изјави Светлана Петренко, портпаролка на Рускиот истражен комитет.
„Експлозивна направа поставена во скутер експлодира во близина на влез на станбена зграда на авенијата Рјазански во Москва“, рече таа.
Комитетот почна кривична истрага за нападот, додаде портпаролката.