свет

Шефот на ОН за човекови права е „крајно загрижен“ дека злосторствата од Ел-Фашер може да се повторат во Кордофан, Судан

- „Од Дарфур и Кордофан до Хартум, Омдурман и понатаму, ниту еден судански цивил не остана недопрен од суровото и бесмислено насилство“, изјави Турк пред новинарите во Женева.

Beyza Binnur Dönmez  | 10.12.2025 - Обновена : 10.12.2025
Шефот на ОН за човекови права е „крајно загрижен“ дека злосторствата од Ел-Фашер може да се повторат во Кордофан, Судан

ЖЕНЕВА (АА) – Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, денес изрази „крајна загриженост“ дека во регионот Кордофан во Судан би можело да се повтори сценариото на тешки злосторства како оние што неодамна се случија во Ел-Фашер, кој на крајот на октомври премина под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), јавува Анадолу.

„Од Дарфур и Кордофан до Хартум, Омдурман и понатаму, ниту еден судански цивил не остана недопрен од суровото и бесмислено насилство“, изјави Турк пред новинарите во Женева.

„Крајно сум загрижен дека во Кордофан може да се повтори истото што се случи во Ел-Фашер.“

Трите држави Кордофан – Северен, Западен и Јужен – со недели се соочуваат со жестоки судири меѓу суданската Армија и РСФ, што предизвика масовно бегство на десетици илјади цивили.

Од вкупно 18 судански држави, РСФ во целост ги контролира петте држави во регионот Дарфур, со исклучок на северните делови на Северен Дарфур кои сè уште се под контрола на Армијата. Во меѓувреме, Армијата ја задржува контролата на поголемиот дел од преостанатите 13 држави во југот, северот, истокот и централниот дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град Картум.

Конфликтот меѓу суданската Армија и РСФ, што започна во април 2023 година, однесе илјадници животи и принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

РСФ е обвинета за масакри, тортура и вонредни егзекуции во Ел-Фашер, што предизвика сериозни стравувања дека истите злосторства би можеле да се повторат и во Кордофан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın